Другите деца во школо јадат убави банички и кифли, ние само гледаме: Суров е животот на семејството Јакимови од Ерџелија-да им помогнеме

Додека на некои судбината им дала полна дланка убавини, семејството Јакимови од село Ерџелија не може да се пофали со истото.

Емисијата „Срце на дланка“ објави уште една срцепарателна приказна која додека ја читате како да проголтувате гнедла. Солзите сами ќе ви надојдат, посебно кога дознаваме дека три деца гладуваат....коментар е излишен во случајот.

Бојана 14год, Давид 13,Викторија 10год. живеат со мајка Татјана и татко Стојче во трошна куќичка која е речиси пред распаѓање.

Хармонична фамилија со тажна насмевка. Не можат да имаат детство како секое нормално дете и за жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. 

-Ги испраќаме на училиште од дома им даваме нешто за јадење, тие велат тато другарчињата си купуваат, но тоа е што да правам немам.- вели Стојче.


– Понекогаш бараме по 20-30 денари да си купиме сокче или слично, и додека другите јадат убави банички и кифли, ние само гледаме и јадеме тоа мама што приготви од дома - вели пак едно од децата на Јакимови.


– Нај тешко ми е кога дете ми бара, јас немам, па се кри јам по други соби и пла чам за да не ме видат, последните четири месеци сме без денар пара вели Татјана.


Стојче од село Ерџелија со своето семејство веќе не може да го издржи суровиот живот, тој нема ниту за корка леб, куќата може во секое време да му пад не врз глава. Животните стресови му предизвикуваат епилепсија, а и сопругата не е во многу подобра состојба.


– Ни треба најмногу прибор за на училиште и и пари за да си го овозможиме тоа, и би биле посреќни, нашите за жал толку можат.

Ова семејство вчера го посетија Панчо и Андреј од ДНК кои од срце замолуваат да им помогнеме. Истото ве замолуваме и ние.

Сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете обратете се на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) . Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. 

Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија но самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор. 




Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни, да ја рашириме и споделиме приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат, порачаа Панчо и Андреј.


фото: инстаграм