Џенифер Гарнер гордa на себе: Засекогаш ќе изгледам како жена која родила три деца
Џенифер Гарнер отворено зборуваше за влијанието што бременоста го имаше врз нејзиното тело и гордо откри дека изгледа како „жена која родила три бебиња, и секогаш ќе изгледа така“. Таа исто така вели дека поради тоа, дури и денес, кога има 48 години, честопати ја прашуваат дали е повторно бремена, што дури и станало смешно, пишува Индипендент.
Актерката искрено кажала што мисли за своето постпартално тело за време на настапот на подкастот „Среќна мама, среќно бебе“, каде објаснила дека засекогаш ќе има мал стомак благодарение на бременоста. Децата, Виолет, 15, Серафина, 12 и Самуел, 9, ги добила во бракот со Бен Афлек.
„Постојат неколку неверојатни жени чии тела, без оглед на тоа колку бебиња ќе добијат , веднаш се враќаат во истата состојба во која се наоѓале пред бременоста, без колкови, без стомаци“, му рече таа на водителот Џовани Флечер. „Неверојатно е. Има толку многу девојки кои имаат таква фигура и јас сум пресреќна поради нив.
„Јас не сум една од нив. Ова не е мојата „шема“. Јас можам да работам многу напорно, да бидам во форма и сè уште да изгледам како жена што родила три бебиња, и секогаш ќе биде така “.
48-годишната Гернер тогаш се присетила на своето последно гостување во емисијата во 2014 година со Елен Деџенерис, каде ги оспоруваше гласините за бременоста, додека им порачуваше на гледачите дека стомакот не оди никаде.
„Не сум бремена, но имам три деца и останав со мала испакнатина. Отсега, дами, ќе го имам тој стомак и тоа ќе биде тоа“, рече таа тогаш. „Да се навикнеме сите. Тој не оди никаде. Неговото име е Виолет, Сем и Сера“.
Не може да се замисли колку може да биде фрустрирачко за славните што се следи секој нивни чекор и медиумите да ги дознаваат нивните приватни вести од нивните пријатели или семејство. Уште полошо е кога тие гласини се лажни.
Гарнер рече дека и денес се соочува со вакви шпекулации. Секојпат кога ќе облече тесен фустан или ќе се појават слики од плажа, луѓето почнуваат да коментираат дека можеби е повторно бремена. Дури и станало смешно со оглед на тоа што има 48 години, нема момче и има три здрави деца и нема намера повеќе да биде бремена.
Извор: индепендент
Фото: Инстаграм-Официјален профил Џенифер Гарнер