Џорџина и сестра ѝ во Катар се сретнаа со шеикот и неговата сопруга: Најлуксузната ложа беше во центарот на вниманието

Џорџина Родригез пред неколку дена пристигна на Светското првенство во Катар, за да му даде поддршка на својот вереник Кристијано Роналдо, кој игра во португалската репрезентација. Таа по натпреварот на оваа репрезентација против Јужна Кореја пред два дена се сретна со катарскиот шеик и неговата сопруга, која дефинитивно е модната ѕвезда на Светското првенство.

Португалија го загуби овој натпревар со 2:1, но Џорџина тој ден ја однесе победата на социјалните мрежи. Таа на фудбалските трибини дојде во фармерки со подигнат струк и пошироки ногавици и во елегантна свилена блуза.

Со Џорџина во Катар се и децата, Кристијан Роналдо Јуниор, близнаците Ева и Матео и Алана Мартина.


Фото-колажот им се допадна на повеќе од пет милиони и 300 илјади луѓе, а потоа Џорџина во следната објава со селфи на Роналдо изјави дека португалскиот фудбалер е љубовта на нејзиниот живот.

Џорџина и децата за време на натпреварот се запознале со катарскиот шеик и неговата сопруга. Ретко кој има можност за ваква средба, односно пристап до најлуксузната ложа на стадионот. Катарскиот шеик и поранешен емир Хамад бин Калифа Ал Тани и неговата сопруга Моза бин Насер срдечно ги поздравија свршеницата и децата на Роналдо.


Моза, сопругата на шеикот неуморно промовира врвен стил и со секое наредно појавување во јавноста оди чекор понатаму кон уште поубаво модно издание.

Џорџина Родригез во Катар ја однесе својата сестра Ивана Родригез која ја гледате на фотката до неа. 

Двете сестри се многу блиски, а Ивана често јавно на социјалните мрежи го поддржува својот познат зет.

Светот пред еден месец беше шокиран од признанието на полусестрата на Џорџина и Ивана, која изјави дека е банкротирана, дека таа и нејзините деца немаат пари за храна, а вереницата на Роналд не сака да им помогне.


Фото: Instagram