Џулиен Мур: Не верувам во Бог туку во добра психотерапија
Познатата американска актерка ги има освоено скоро сите награди што можат да се освојат. Таа преминува од улога во улога без тешкотии, а досега никогаш не изневери со својот моден избор на црвениот тепих.
Сепак, Џулиен Мур не стекна сè лесно во животот. Во раните триесетти години се чувствуваше изгубено. Нејзината кариера напредуваше, но приватниот живот беше во криза.
„Бев осамена“, признава таа. "Мислам дека не бев среќена. Немав личен живот каков што посакував. Дваесеттите години ги поминав копнеејќи за кариера и всушност сакав семејство".
Не знаејќи што да прави, таа се сврте кон терапијата.
"Тогаш сфатив дека мојот приватен живот е поважен од мојата кариера. Ако сакате да најдете партнер и да стапите во брак, да имате деца, едвај чекате - мора да дејствувате. Тоа ви е исто е како и вашата кариера. Сакате да напредувате во вашата кариера, морате да работите вредно и да се трудите“, пишува Стил.рс
Кога го сфати овој факт, Џулиен рече дека не верува во Бога, туку во добра психотерапија! Кога се „открила“ во терапија, сè во нејзиниот живот започнало да се подобрува. Таа е во брак 19 години и има две деца.
Доста е со тие глупости за стареење!
Таа е една од најбараните актерки во Холивуд и има таква можност да избере во кои улоги ќе се појави.
Важи за вистинска модна икона, па се вели дека никогаш не направила модно промашување на црвениот тепих. Кога не снима, нејзиниот живот во Њујорк е сосема обичен. Станува во 6.30 часот, вежба јога три пати неделно и чита многу. И самата е писателка. Во 2007 година, таа објави книга за деца што добро се помина кај критиката и публиката. „Доста е со тие глупости за стареење!“- има изјавено неколку пати и е сигурна дека сакаа да старее природно.
Со цел да го сними филмот „Still Alice“ (за кој доби Оскар), актерката сериозно се подготвуваше. Редовно одеше во здружението на Алцхајмерова болест, па дури и самата беше подложена на тестирање за да открие дали мозокот работи „правилно“, по низа тестови, лекарите и рекоа дека нејзините резултати се нормални.
Еве неколку интересни факти за Џулиен Мур:
1. Родена е како Џули Ана Смит, на 3 декември 1960 година. Таа го смени своето име во Џулиан Мур и ја изгради својата слава околу него.
2. Доби Оскар, Златен глобус и БАФТА за улогата во „Still ALice“. За да се подготви за улогата, актерката имаше многу блиска соработка со пациент со Алцхајмерова болест.
3. Пред да ги освои Оскарите, беше номинирана за оваа престижна награда уште 4 пати. Таа беше номинирана за Златен глобус 7 пати.
4. Како дете, сакаше да биде лекар.
5. Првата вистинска улога и слава ја стекна во Холивуд дури на триесет години.
6. Избира улоги кога ќе го прочита сценариото и кога ќе и се допадне. Таа е една од ретките актерки кои одбија неколку улоги затоа што не и го доставија целото сценарио.
7. Се омажи двапати. Еднаш во 1986 година, а се разведе во 1995 година. По втор пат во 2003 година со десет години помлад режисер и филмски продуцент Барт Фројндлих и тие се уште се во брак. Парот има две деца: син и ќерка.
Извор: Стил.рс