Едноставно е: Еве зошто жените родени во 1979 година се меѓу најсреќните

Имавме среќа како и ниту една друга генерација - ниту оние тетки со витлери на главите родени неколку години пред нас, ниту оние изгубени девојчиња родени после нас.

Убаво беше да си роден во 1979 година во Југославија. Во време на хармонија, благосостојба и релаксација. Нашите млади родители главно имаа добра работа во компанијата, стан или почнаа да градат куќа, а Фиќото беше паркирано во дворот.

Баби и дедовци на село, одгледуваa животни, испраќаа на децата мрсничко секоја недела, живееја без страв за себе и за генерациите ... За прв пат, тие биле сигурни дека нема да има војна.

Родени сме кога државата беше стабилна, пораснавме под среќна sвезда: бевме цел ден надвор, никој не се грижеше дали јадеме здраво (немаше преработена храна, јадевме што ни подготвуваше баба во недела од селото ), дали ќе измрзнеме, дали ќе бидеме нападнати од некој манијак… Родендени се славеа со деца од соседството, торта и домашни кифлички.

Требаше редовно да одиме на училиште, да извршуваме домашни задачи, да учиме напорно и зборот на наставникот беше АМИН.

Добивме сестри или браќа, во редовни интервали од 3 или 5 години, бидејќи родителите не се грижеа дали ќе имаат пари за друго дете. Тие ги исполнуваа нашите желби. Се сеќавам на прашањето на мајка ми: "Што сакаш да роди мајка ти?" Братче или сестриче? “

И тогаш се случи 1992 година: војна, сиромаштија, мизерија, прогонство… И тогаш бевме среќни, и дали знаете зошто? Научивме да разликуваме важно од ирелевантно. Немапе проблем со љубовта кој тогаш би нè потресол. Еј, ја преживеав војната, ќе го преживеам и твоето неверство.


ПИСМОТО НА ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА: Родени помеѓу 1950 и 1980 година задолжително прочитајте!