Едното дете го фрли, другото го истепа: Скандалозни снимки од медицинска сестра во Дом за деца
Ѓурѓија Алемпијевиќ, медицинската сестра и воспитач од Белград против која е поднесена кривична пријава откако излегоа шокантни снимки дека малтретира деца, го избегнала врачувањето на отказот затоа што не живее на адресата на која е пријавена, пишува белградски „Блиц“.
На социјалните мрежи, на 18 јули се појави снимка од Алемпијевиќ која работи во Домот за незгрижени деца „Звечанска“ во Белград. На снимката се гледа како на едно дете му удира шлаканица, дргуото го фрла а третото го фотографира.
Фото: Блиц, Рас Србија
Мајката на едно од децата кое привремено е сместено во домот, раскажала дека ја видела медицинската сестра како му удира шлаканица на детото, и подоцна го снимила нејзиното однесување и ги алармирала надлежните.
На снимката се гледа како Ѓурѓија влегува во сабоата каде што бебињата лежат во своите креветчиња, со едната рака на колкот во држи бебебто, а со другата нешто работи на мобилниот телефон, што е строго забрането. Детето подоцна мошне грубо го фаќа за раката и го фрла во креветчето. Потоа се врти накај друго дете и неколку пати го фотографира, што е исто така забрането, па продолжува да работи нешто на телефонот.
Српското Министерството за труд и социјала пред осум дена соопшти дека медицинската сетра добила опомена пред отказ. Според денешните информации на „Блиц“, таа не го примила решението за отказ затоа што не живее на адресата на која е пријавена.