Експертите со ново тврдење:Еве колку вода ни е потребна во текот на денот

Добивај вести на Viber

Советите да се пие вода пред да се осети жед, првично беше наменета за само за летните денови, но сега и здравите луѓе пијат големи количини вода во мисија да му обезбедат на телото она што му е потребно.

Како што старееме, чувството за жед може да ослабне, а потоа дехидрацијата може да стане закана. Слична е ситуацијата и со децата. Поради ова, се претпоставува дека советот да се пие вода пред да се осети жед е доста корисен и треба често да се применува.

Од друга страна, кога станува збор за хидратација, постојат многу факти. Како што не уверуваат, водата брзо прочистува и овозможува здрава сјајна кожа, бистри очи и резерви на енергија. Професорот Галовеј вели дека детоксикацијата со водата е бесмислица и дека нашите бубрези многу добро знаат што да задржат во телото и што да испуштат.

Дали е навистина потребно?

Во светот, како и кај нас, популарен совет е да се пијат осум чаши вода, што е околу два литра дневно, што е препорака на нутриционистот Фредрик Џеј Стар од 1974 година, кој всушност предложил шест до осум чаши вода дневно.

Меѓутоа, колку вода навистина ни е потребна е регулирано од надворешни фактори, како што се количината на активност, времето, но и нашата физиологија. Ако барате совет за тоа колку вода ни е потребна во текот на денот, одговорот е дека на здрави возрасни лица им требаат четири до шест чаши вода, вклучувајки го и чајот.

Колку им требаат на жените, а колку на мажите?

И додека како деца имаме помала потреба од вода, веќе по 14 години тие стануваат еднакви со потребите на возрасните и постарите. Препораката за вкупниот дневен внес на вода за жени е 2 l, а за мажи 2,5 l. Со оглед на тоа дека околу 20 отсто од таа количина се наоѓа во храната, жените треба да пијат околу 1,6 литри, а мажите околу 2 литри вода дневно.

Фото: freepik