Лепа Брена собра храброст и проговори за болеста која ја има: Навикнав да живеам со неа
Една од најголемите балкански sвезди, Лепа Брена, не крие колку е вознемирeна од епидемијата на коронавирусот, особено затоа што не може да ги прегрне своите најблиски.
Во оваа прилика, Брена откри дека спаѓа во ризичната група, имајќи предвид дека и е дијагностицирана тромбоза, поради што е уште повнимателна.
„Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Не сум паничар. Кога првпат наидов на тромбозаат, проучував сè и бев редовен пациент. Навикната сум да живеам така, знам што не смеам да пијам и да јадам, и знам како треба да ми се одвива животот според здравствените правила“, рече Брена и додаде:
„Научив да живеам според правилата и да бидам среќна. Ова со сите безбедносни мерки поради вирусот е ментален напад врз сите нас. За мене, оваа социјална дистанца е емотивна оддалеченост од сите луѓе што ги сакате, а кои не можете ни да ги прегрнете“, додава пејачката.
„Тоа многу тешко ми паѓа. Јас се вакцинирав затоа што тоа е апсолутна категорија на заштита и без неа нема патувања или комуникација. Кој сака да биде осамен, нека избере што сака. Светот живее и функционира според правилата и ние мора да се вклопиме во нив“, заклучи Брена.
Извор: espreso.rs
Фото: Инстаграм/Официјален профил Лепа Брена
Може да ве интересира:
Се жени синот на Лепа Брена: Детали за свадбата на Виктор Живојиновиќ и убавата Сандра