Еротски приказни: Мина – мојата сакана сосетка

Добивај вести на Viber

Утрово кога го погледнав снегот како паѓа, прво што помислив беше како би било ако паѓа снег во човечките души. Не само што би ги прочистил од сите наталожени бигори, туку и сите би биле расположени и среќни.

  Откако излезе Алек, се трудев да си го поправам расположението. Не ме изненадуваше неговото однесување. Имаше и има уште избор да се одлучи помеѓу мене и мајка му. Тој си одбра сосема спротивно улога на балансер. Сосема добро го сфаќав. Ова утро наместо да остане со мене, тој мораше да оди на состаноци бидејќи мајка му го контролираше – не смееше да ја одбие или да одложи состанок за друг ден.

  Длабоко во срцето претчувствував дека двајцата сакавме да останеме заедно и да прошетаме по ладниот и свеж воздух во блискиот парк. Сакав кога снегот од гранките на елките се лизга и паѓа како мала лавина од најмалото ветре. Директно врз нас паѓа и ние врескаме од ненадејното студенило. Сакав кога први газиме снег по малите патеки. Сакав кога се гушкаме и паѓаме на снег правејќи фигури од сопствените тела. Да, ја сакав реалноста, снегот, ладното време, госпоѓа Зима и господин Мраз.

  Алек по пат ќе размисли дека се налути без потреба и ќе ми се јави извинувајќи ми се. Не е тоа важно. Важно е што таа – мајка му беше помеѓу нас и таа за сѐ пресудуваше. Накратко речено ми го уништи ова прекрасно снежно утро и убавината од оваа зимска бајка. Убавината на мигот, мирот и спокојството.

  Мислите ми лутаа во минатото и сакав да останам таму. Што би се случило ако не се сретнев со Изабела. Искрено, тоа беше ретко пријателство создадено и ѕидано дел по дел, почнато од темел. Темел кој е силен, не се разурнува а е создадено од нашата пот, нашата ведрина, толеранција и човечност. Чисто како солза пријателство без лаги или збрки, со доверба и почит помеѓу нас и љубов. Љубовта насекаде е двигател на сите настани, на се она што е прогресивно во секоја пора од животот. Ако се твори со љубов и почит, не е тешко, туку е проследено со пријатно чувство.

  Меѓу сите спомени имало и недоразбирања, но секогаш сме знаеле да се разјасниме. Секогаш кога мислам на неа, се расположувам, особено во некои моменти кога се натажувам или некој ме направил тажна.

  Ние моравме да се разделиме со Изабела од причина што јас се вратив и најдов работа во помал град блиску до мојот роден град. Кога дипломирав, случајно се отвори работно место комерцијалист. Ми се јави една колешка за да ми каже и јас аплицирав и го добив работното место. Ова е една голема, реномирана фирма со многу вработени и најинтересно е што сите се љубезни и соработливи.

  Алек не можеше да се помири со моето вработување. Беше сигурен дека кога ќе си дојдам дома, ќе барам работно место во нивната фирма. За него беше нормално да ја молиме мајка му за работа, меѓутоа јас имав мое достоинство и гордост. Изабела доаѓаше во мојот град кога беше слободна бидејќи продолжи на специјалистички студии, а јас почнав со работа. Во овој животен период едноставно сакав да работам.

  Ми заѕвони мобилниот телефон Се јави сосетката од спротивниот стан – Мина. Со Мина работевме заедно во фирмава. Вистинското име ѝ беше Јасмина, меѓутоа ние си ја викавме Мина. Кога разбра дека купил стан Алек во истата зграда каде што ѝ таа имаше купено многу се израдува. Со неа се здруживме пополека и таа беше многу интересна личност, дескриптивна и многу добра по душа.

  Кога Алек се всели овде, таа едвај чекаше да престојуваме во станов. Му го препознаваше движењето на Алек кога си одеше рано наутро и веднаш ми ѕвонеше на телефон и ќе ми речеше: „Инес, доаѓам веднаш за да пиеме кафе и потоа ќе одиме на работа“. Мина беше многу забавна личност. Кога престојував во станот, сакаше да ме носи и да ме враќа од работа.

  Имаше две врски истовремено и кога ќе излезеше, ми се доверуваше до детали. Буквално сѐ што правела ноќта со дечкото. Ми викаше: „Инес, морам да му се исповедам некому, а најдобро е на тебе, тоа е посилно од мене, а ти ме прифаќаш таква каква што сум.

  Откако Мина ми се јави, веднаш се подготвив за работа. Само што седнав за да ја чекам да дојде, таа влезе и од вратата започна да ми кажува: „Погоди со кого бев сношти излезена?“, не ме ни погледна в лице за да види дека сум тотално незаинтересирана за да ја слушам. „Значи, сношти бев излезена со Рони. Го немаше цел месец да ми се јави. Туку ненадејно се појави сношти на врата. Ме покани да излеземе. Отидовме во еден локал недалеку од тука. Испивме по едно пиво и дојдовме во станов. Другпат сме се опуштале, а сега само што влеговме, веднаш го извади неговиот „орган“ и уште пред да се соблечеме „влезе“ во мене. По извесно време, почна да ме бакнува со огромна страст и со желба. Сѐ можев, меѓутоа никогаш не можев да му одолеам на Рони. Се припивав кон него како пијавица. Ми беа потребни неговите врели бакнежи, ми даваа надеж дека му требам и дека љубовта наша постои. Потоа, ми ги спушти прерамките од градникот пополека и почна да ме бакнува по вратот, рамениците и најосетливиот дел – позади ушите и вратот. Крвта ми навре во лицето и во грлото ми застана кнедла. Рони ме гледаше в очи и ме праша: „Ти недостасував?“ Јас ништо не му одговорив. „Како досега да ги заборави моите полни усни, во еден момент ги погледна и ги бакнуваше пополека, со многу страст. Со јазикот ми ги лижеше веќе одамна наежените брадавици, кружејќи околу нив и грицкајќи ги пополека. И не издржавме долго, почна мојата „внатрешност“ да пулсира и се исполни со сперма. Тоа беше врвот на нашата љубовна игра, врвот на нашата радост за тоа што сме повторно заедно“.

  Ништо не ѝ реков на Мина. Со мислите бев некаде далеку, многу далеку.

СОСЕТКИ

Еротски приказни: Изабела – мојата сосетка

Еротски приказни: ДЕВОЈКА ЗА ДРУЖЕЊЕ

Еротски приказни: АЛЕК И ЈАС

Еротски приказни: ПОБЕДА НА ЉУБОВТА

Еротски приказни: МИРОТ Е СВЕТА РАБОТА

Еротски приказни: ПРЕСТОЈ В БАЊА

Еротски приказни: НА БАЊА В ПЛАНИНА

Еротски приказни: ПРЕКРАСНО ПАТУВАЊЕ