Еве како влијае Хроно- режимот на исхрана на дијабетесот

Добивај вести на Viber

Д-р Ален Делабос е доктор по медицина, хроно нутриционист, директор на Одделот за клинички истражувања IREN'S, на Европскиот институт за исхрана и здравствени истражувања, и врвен експерт кој го разви Хроно - методот на исхрана. Оваа диета била измислена уште во 1986-та година, а неодамна стана многу популарна. 

Ако имате шеќерна болест, односто дијабетес, мора да знаете дека изборот на храна што го внесувате во вашето тело е клучен фактор во контролата и лекувањето на оваа болест. Д-р Ана Гифинг создала програма со Хроно-режим на исхрана, специјализирана за дијабетичари.

Дури тринаесет години, оваа докторка со голем успех ја применува својата медицинска програма која го забавува стареењето, која ги вклучува најновите медицински истражувања и технологија, како и искуството на врвните нутриционисти во светот, за здрава исхрана со која подолго се живее.

Оваа програма, која е дизајнирана и развиена од страна на д-р Гифинг, помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Под надзор на експерти од нејзиниот тим на лекари и нутриционисти може за многу кратко време да се постигнат одлични резултати кога станува збор за дијабетес.

Нутриционистите на Хроно центарот на д-р Гифинг имале многу искуства со пациенти кои со помош на оваа програма, ја намалиле дозата на лекови што ги земале, или во некои случаи, целосно ја исклучиле.

Ризикот од дијабетес е особено висок кај луѓе кои имаат масни наслаги во половината и стомакот, висок крвен притисок и покачено ниво на масти во крвта (холестерол, триглицериди). Намалување на телесната тежина, пред се масти на стомакот е од витално значење за секој кој го има овој здравствен проблем.

Според „Програма за исхрана на д-р Гифинг", оние кои страдаат од дијабетес дневниот внес на храна треба да се поделат на три оброци: појадок, ручек и вечера, со или без оброци. Храната треба да се зема во приближно исто време. Ако се земаат таблети за дијабетес, оброците не се потребни.

Најдобро време за мерење на нивото на шеќер во крвта е помеѓу 12 и 13 и околу 16 и 18 часот. Ако шеќерот во крвта е помал од 5mmol / l, неопходно е да се воведат две закуски. Првата ужина може да биде слична на појадокот, а втората во попладневните часови (17-19 часот), може да биде врз основа на овошје и зеленчук. Овошјето треба да биде избрано во согласност со гликемискиот индекс (G.I. препорака е да се биде под 45 - јаболка, цреши, јагоди, сливи, грејпфрут ...) и да се консумира секој втор или трет ден.

Лекарите и нутриционистите од Центарот на Д-р Гифинг за секој пациент кој страда од дијабетес може да се создадат целосно мени! Со програма врз основа на принципите на Хроно исхраната, тимот на експерти препорачува комбинација на индивидуални додатоци и антиоксиданси, минерали и аминокиселини, исклучиво во согласност со резултатите од насочени дијагностички процедури.


Деновиве дознавме каков треба да биде појадокот, каков ручекот и вечерата во Хроно-режимот на исхрана, како и кои се 20-те наједноставни правила за слабеење со Хроно- режимот, и најголемата заблуда за истата. Исто така и како Хроно- режимот на исхрана влијае на бременоста.


Извор: Телеграф.рс

Фото: Промо