(ФОТО) Џастин Бибер плаче за состојбата на Селена Гомез
Џастин Бибер беше забележан како плаче во автомобил со сопругата Хајли Болдвин во четвртокот, кога го напуштија пастирскиот дом - и обожавателите се прашуваат дали неодамнешната хоспитализација на Селена Гомез можеби одигра улога во неговите солзи.
- Џастин секогаш ќе се грижи за Селена. Тој го посакува најдоброто за Селена. Тој сака да биде среќна и здрава - изјави извор близок до Бибер (24).
- Тие не зборуваат неколку месеци. Нивниот однос секогаш беше многу сложен и комплициран. Беше тешко за двајцата- раскажа извор близок до поранешната двојка.
Откако доживеа друг нервен слом, наводно предизвикан од стресот, Селена Гомез одлучи да побара стручна помош и беше хоспитализирана. Некои шпекулираат дека причината за нејзиниот пад, беше венчавката на нејзиниот поранешен дечко Џастин Бибер со Хејли Болдвин, но извор близок до пејачката тврди дека ова е само еден фактор.
- Се работи за комбинација на сè и тоа влијае на нејзиното ментално здравје. Има неколку предизвикувачи, но со сето ова, таа е исклучително чувствителна личност. Негативноста и омразата влијаат влијаат многу врз нејзе- изјави извор близок до 26-годишната пејачка Селена Гомез, која ги растажи своите фанови.
- Се разбира, и тоа што секаде се зботува за тоа дека Џастин е среќно заљубен има лош ефект врз неа, но таа имаше многу други стресни ситуации. Без разлика дали нејзината ситуација е предизвикана од депресија и вознемиреност, не можам да кажам, но таа исто така е свесна дека ќе се бори со тоа до крајот на својот живот- додаде изворот.
Селена Гомез е хоспитализирана во изминатите неколку недели, и поради ниското ниво на леукоцити, што веројатно е последица на трансплантацијата на бубрези. За време на втората посета на болницата, таа доживеала паничен напад, по што сфатила дека ѝ е потребна стручна помош, па затоа била хоспитализирана.