(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот Аеродром Скопје

Првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот Аеродром Скопје, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од COVID-19.

Утрово прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници. Беше пречекан со авијацискиот поздрав за „добредојде” – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него (7:56h) слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника. На првиот ден од реотворањето, 1 јули 2020 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници.

Пејачката и контролор на летање Наташа Крстевска, позната како Мијата веднаш објави фотографии од првиот ден, а веднаш по неа и официјалната Фејсбук страница на скопскиот аеродром објави галерија од првите патници: