(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО: Жена стана мајка на близнаци на 73 години

Жена во Индија, стана најстарата мајка во светот, на 73-години, по раѓањето здрави близнаци, вчера.

Ерамати Манагајама вели дека чекале скоро 60 години да станат родители со сопругот, 82-годишниот Рајаро. Двојката е во брак 57 години, и сега имаат две деца по инвитро третманот на Ерамати.

Новата мајка роди две женски бебиња со царски рез во болницата „Ahalya“.

- Бидејќи е стара и нема јајцеклетки, ставивме во неа јајцеклетки од донор и сперма од нејзиниот сопруг. За среќа забремени веднаш во Јануари, и имаше лесна бременост. Двете бебиња се здрави, а ни таа нема да има компликации по бременоста. Секако нема да може да ги дои бебињата, но за тоа има решение-  раскажува докторот Умаснакар. 

Таткото и мајката се пресреќни, а на прашањето што ќе прават доколку нивните деца останат без нив на мала возраст, тие одговорија: „Многу сме среќни. Ништо не е во наши раце. Што треба да се случи, ќе се случи. Се е во рацете на Бог.“

Сопругот е хоспитализиран по породувањето на сопругата, бидејќи доживеал мал удар.


Извор: www.unilad.co.uk