(ФОТО) Овде брановите свират како оргули: Црнокрак на семеен одмор во Хрватска

Добивај вести на Viber

Светлана и Мики Црнокрак со ќерките Нина и Моника се на одмор на Јадранското море. Основачите на модното студио „Црнокрак“ на своите Фејсбук профили споделуваат среќни мигови од семејниот одмор.

Црнокрак во Шибеник 

Едни од најубавите градови на хрватското приморје, Дубровник, Шибеник и Задар беа изборот на Црнокрак за овогодинешниот одмор.

„Задарска рива. На ова место брановите свират како оргули“, напиша Црнокрак на својот Фејсбук профил до фотографијата од Задар.

Мики и Светлана во Задар 

Моника има 20 години и е студент, но се занимава и со манекенство. Минатата година, таа освои титула за убавина. Моника стана Мис фотогеничност на изборот за Мис лето Интернационал, во Киренија, Кипар.

Во Дубровник

„Моника продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули“, ни изјави Мики Црнокрак тогаш. Помалата ќерка Нина има седум години.