(ФОТО) Поранешниот на Розга, Стјепан Хаусер се пофали со луксузната куќа

Виолончелистот на „Ту челос“ , Стјепан Хаусер си го оствари својот долгогодишен сон. Во јули минатата година, тој се всели во новата луксузна куќа во близина на Пула.

Како што пишува тортал.хр, Хаусер, по бројните светски турнеи едвај дочекал да се врати во својот нов, луксузен дом. 

Музичарот, кој е поранешно момче на познатата пејачка Јелена Розга се врати од својата американска турнеја, и во својата вила ужива во друштво на пријателите. Фотографии од своето омилено место, тој објави на својот Инстаграм профил. „Шефот се врати дома“, напиша тој.