(ФОТО) СИТЕ ЉУБОВНИ ВРСКИ НА СЕВЕРИНА
Хрватската поп-ѕвезда неколкупати беше верена. Делеше ист покрив со музичар, келнер, сопственик на фитнес-центар, со неколку бизнисмени.. Денес е во брак со поранешниот фудбалер Игор Којиќ
Првото момче кое Северина не го криеше од јавноста е вокалистот на групата „Којоти“, Ален Марин. Имаа кратка и бурна врска на почетокот на 90-те. Марин ја побара за жена, но брзо потоа се разидоа без фама во медиумите. Несудениот сопруг на сплитската пејачка подоцна се ожени со актерката Горана Врдољак со која има ќерка.
Сите се сеќаваат на нејзиното „домашно видео“. Во јавноста се појави летото 2004 година кога Северина беше верена со бизнисменот Среќко Варгек. По аферата, двојката ја прекина врската.
Следната година пејачката се заљуби во тогаш 26-годишниот бизнисмен Мате Чуљак. Заедно беа повеќе од една година, а во меѓувреме и се верија. „Се разделивме како пријатели, немаше трета личност во нашата врска“, изјави во тоа време Северина.
Летото 2008 година почна да се забавува со Славко Шаиновиќ, бизнисмен и поранешен келнер. И со него се вери.
Медиумите пишуваа дека конечно го пронашла вистинскиот партнер, но по три години во нејзиниот живот се појави Милан Поповиќ во кој наводно се вљубила додека му пеела на роденденската забава. Со српскиот „крал на бакарот“, како што го нарекуваат медиумите, Северина се реализира и како мајка. Битката околу старателството за синот Александар сѐ уште трае.
Во ноември 2015 година се омажи за поранешниот фудбалер Игор Којиќ.
Нивната врска од почетокот е проследена со доста скандали и шпекулации, досега медиумите неколкупати ги разведоа и смирија, но по се' изгледа дека парот добро со справува со притисокот.
Поврзани вести:
-По одморот со синот заврши во карантин: Северина позитивна на КОВИД-19
-(ФОТО) Во костими за капење: Неда Украден (70), Северина (48) - изгледаат двојно помлади