Фреквенција на љубовта: Три сигурни знаци кои ги чувствувате кога некому му недостасувате

Три скриени сигнали што ги чувствувате кога некому му недостасувате и кога некој вам ви недостасува!

Љубовта честопати е неразбирлива за умот, не можеме строго да ја дефинираме или целосно да ги дешифрираме нејзините тајни, но сигурно можеме да ја почувствуваме. Тоа необјасниво и силно чувство претставува нешто најубаво и најсилно на овој свет, но кога го нема, може да се појави празнина. Кога двајца луѓе кои се сакаат се разделуваат, нивниот живот почнува да вибрира на иста фреквенција.

Љубовта е секако најмистериозната и најмоќната сила во целиот бесконечен универзум. Стотици километри раздалеченост или заедничко поминато време на двајца по карактер различни луѓе кои се обидуваат да ја сведат љубовта на ништо, не се доволна причина да престане љубовта бидејќи нејзината моќ никогаш нема да исчезне или ослаби сама по себе. Совладува време, оддалеченост, возраст, разлики ... Сигурно во животот сте имале драги луѓе со кои сте се оддалечиле, пријатели што се оддалечиле километри или поранешна љубов што ја сакавте, но околностите ве натераа да не бидете заедно. Дури и кога не ви се блиски, љубовта продолжува да живее во срцето.

Еве неколку знаци кои покажуваат дека ви недостасува некој или дека вие му недостасувате на некој:

1. Постојано сонувате еден за друг

Соништата се манифестација на нашата потсвест. Дури и кога не признаваме нешто во себе, во соништата се соочуваме со тоа и се потсетуваме на она што е скриено во нашата душа. Дури и кога во нашиот реален свет се случуваат необјасниви настани, енергијата на љубовта може да навлезе дури и во соништата. Моќта на љубовта продира во светот на соништата земајќи ги облиците на саканите и луѓето што ги сакаме. И таквите соништа се толку реални што додека сте во светот на соништата, можете да ги правите сите работи што ви се најдраги со таа личност. Ваквите соништа предизвикуваат нежни и трогателни емоции во нас, дури и ако личноста за која сонуваме го скрши нашето срце. Во секој случај, ова се само кратки моменти, и многумина ќе се разбудат со празнина по тие соништа. Ако некое лице постојано доаѓа кај вас во соништата, можно е да сте во нејзините/неговите соништа, а тоа е знак дека вие си недостасувате еден со друг - дека вашите души продолжуваат да вибрираат заедно на фреквенцијата на љубовта.

2. Универзумот се обидува да ве поврзе

Кога двајца луѓе си недостасуваат еден со друг, нивните души почнуваат да вибрираат со иста фреквенција. Како резултат на тоа, можеби сме на истите места или гледаме исти луѓе со кои делиме исти приказни, се случува судир на енергии. Универзумот се обидува да ве поврзе на секој начин, се среќавате случајно, постојано ги гледате меѓусебните објави на социјалните мрежи, луѓето ве потсетуваат на него/неа преку  приказни, се појавуваат стари спомени...

3. Емоциите се надвор од контрола

Во секое време од денот или на различни места, можеби имаме очајна желба да бидеме блиски со таа личност. Кога се појавуваат такви емоции, многу е тешко да ги контролирате и да ги вратите во нормала. Исто така, кога одеднаш се појавуваат топли чувства или чувствувате силна енергија и топлина од необјаснива причина, според преведувачите на енергија, можно е човек да мисли на вас и да му недостасувате.

извор: Сенса