Го разведе од првата сопруга, тој ја изневеруваше на секој чекор: Му прости сè и му роди пет деца, а сега се пред развод

Улогата на Дона во култната серија ја прослави богатата американска актерка Тори Спелинг која сега повторно се соочува со гласини дека се разведува од сопругот Дин, кој еднаш јавно призна дека ја изневерувал, а токму нивната врска започнала со афера бидејќи тој бил оженет кога ја започнале врската.

Американската актерка Тори Спелинг (48) се прослави со улогата на Дона Мартин во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс, 90210“ од деведесеттите години, чиј продуцент беше нејзиниот татко Арон Спелинг.

Тори тогаш имала само 17 години. По завршувањето на серијата, таа глумеше уште во неколку филмови. Се појави и во две реални шоуа, од кои едно во 2007 година со нејзиниот сопруг Дин Мекдермот. А интересна е и нивната љубовна приказна.

Тори и Дин се запознаа на филмскиот сет додека таа беше во првиот брак со актерот и сценарист Чарли Шанијан. Нивната афера започна првата вечер кога се запознаа, а Тори наскоро се разведе.

Само еден месец по официјалниот развод во 2006 година, Тори му рече судбоносно „да“ на својот сакан Дин, со кого денес има пет деца.


Парот доживеа брачна криза во 2013 година поради неговото изневерување.

Парот потоа го спаси бракот, носледеа финансиски проблеми. Имено, брачната двојка се соочуваше со банкрот, а тие беа должни на сите страни. Долговите, наводно, биле отплатени минатата година.

Сепак, постојат гласини за нивниот развод повторно. Имено, актерката беше фотографирана во Лос Анџелес минатиот викенд со нејзиниот син, но папараците забележаа дека на раката нема венчален прстен.

Американските медиуми веќе објавија распад на нивниот брак со Дин, бидејќи тој веќе подолго време не е виден на семејни собири. Актерката неодамна објави интересни приказни на Инстаграм кои многумина ги протолкуваа дека се однесуваат на нејзината љубовна ситуација. Не дозволувајте никој да ве промени и да станете она што друга личност посакува “, беше напишано на нејзините објави.

извор:stil.kurir.rs
фото: Profimedia