Го тестиравме новиот Philips SpeedPro Aqua 3 во 1: 5 причини зошто овој супер производ заслужи 5 ѕвезди

Од пакувањето и самиот изглед, преку перформансите и финалниот резултат на чистењето, од прва рака се уверивме зошто Philips SpeedPro Aqua 3 во 1 е идеалното решение за ултра чист дом.

Велат дека технологијата е тука за да ни го олесни секојдневието и за да ни помогне да го зачуваме толку скапоценото време: Philips SpeedPro Aqua 3 во 1 е токму тоа за кое зборуваме кога велиме премиум производ за домот. За вас го тестиравме овој производ и велиме: навистина е лесен за употреба, супер функционален и без нималку претерување: неопходен.

Одиме со ред!

1.  Лесен за склопување, едноставен за употреба

Стандардното пакување е во препознатлив стил на Philips, сите елементи се педантно означени, покрај регуларната четка за вшмукување, има и додаток за вшмукување и за бришење, 2 ткаенини со микрофибер, како и останатите стикови SpeedPro, е едноставен за склопување. Кога го вклучивме, батеријата веќе имаше полнење и за момент ја вклучивме во употреба. Кога со технологијата се случува љубов на прв поглед, знаете дека ќе трае долго.

2.  Збогум, кабли, здраво, непристапни агли!

Сè уште не сме сосема сигурни кој дел од Philips SpeedPro Aqua ни е омилен, но моментот во кој им велиме „збогум“ на каблите, ограниченото движење во простор ни е еден од фаворитите. Батеријата е моќна, долготрајна и во ниеден момент не ја губи силата на вшмукување. Тесните површини под креветот и нискиот мебел секогаш претставуваа проблем, но не и со SpeedPro. Никогаш повеќе нема да бидеме ограничени од досежноста на кабелот за да може да допреме до која било површина во домоткако горните агли со пајажина!

3.  Три во едно: и правосмукалка и џогер и мала правосмукалка за чистење на мебелот

Времето што го зачувавме користејќи го Philips SpeedPro Aqua е непроценливо: со регуларната четка за вшмукување истовремено чистевме напред, назад и од страните. Секако, го искористивме додатокот за влажно чистење и бришење што е соодветен за сите видови подови. Финишот на сето искуство ни го даде третиот додаток: мала правосмукалка за чистење на мебелот. Или автомобилот? Или тие недостапни агли зад ормарот? Сè е во игра.  

4.   Суво и влажно чистење истовремено со голема брзина!

Нестрпливо ја тестиравме функцијата за суво и влажно чистење. Сѐ што треба е да го наполните резервоарот за вода и спремни сте за супер искуство. Искрено, бевме изненадени колку нечистотии во радиус од 180о млазницата вшмукува, додека влажното чистење оди многу лесно. Голем дел од дамките исчезнуваат при првото поминување, а за да исчезнат поупорните дамки, треба само да притиснете со нога на педалата AquaBoost, при што се дотура вода на дамката. Далеку, далеку подобро решение отколку она на кое сме научени со кофа и со џогер.

Во нашиот случај, соба од 20 m2 ја поминавме навистина брзо, што е одлично за сите што сакаат да заштедат на време. Дополнително, со LED-светилките можевме да видиме колку нечистотија, всушност, имало на подот и која за нас ја детектираше нечистотијата, да не мора да поминуваме 2 пати на исто место. Со едно полнење на батеријата, стан од 80 м2 се чисти за рекордно време!

5.  Со мини-турбо четката, влакната од милениците се минато!

Последно, но и многу важно! Конечно, имаме решение за собирање на влакната од миленикот. Во минатото ова ни претставуваше проблем, но решението се крие во мини-турбо четката на Philips SpeedPro Aquа. Четката лесно и брзо ги собира влакната од сите површини, дури од оние што сме ги заборавиле, како што се рабовите на мебелот. Одеднаш чувањето миленик стана полесно благодарејќи на Philips SpeedPro Aquа.

Финална оцена: 5 ѕвезди

Брзо, едноставно, ултра педантно, без ниту една пропуштена точка на подот, Philips SpeedPro Aquа 3 во 1 ни покажа колку е навистина неопходен елемент во нашиот дом.

Некаде наидовме на реченица, која вели „кога со технологијата се случува љубов на прв поглед, знаете дека ќе трае долго“, а ова е едно од тие искуства, каде што навистина се вљубивме во Philips SpeedPro Aquа 3 во 1, и тоа на прв поглед.

Да живее иднината што го прави домот поубаво место!