Голема победа за Иранките: Укината моралната полиција, а Иран најави ревизија на законот за хиџаб

Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција која ја собори монархијата поддржана од САД. Останува многу чувствително прашање во земја каде што конзервативците инсистираат на тоа дека хиџабот треба да биде задолжителен, додека реформистите сакаат да го остават на индивидуален избор.

Иран соопшти дека ќе го преиспита деценискиот закон кој бара од жените да ги покриваат главите, бидејќи се бори да ги смири повеќе од два месеци протести поради строгиот кодекс на облекување. Иранската морална полиција, главно одговорна за спроведување на правилата за облекување на жените, е распуштена, објави во неделата јавниот обвинител. Демонстрантите палеле капа и извикувале антивладини слогани. Од смртта на Амини, сè поголем број жени не носат хиџаб, особено во модерниот северен дел на Техеран. „И парламентот и судството работат (на прашањето)“ дали законот треба да биде изменет, изјави во саботата иранскиот јавен обвинител Мохамад Џафар Монтазери. Повеќе на Фактор.мк