ХРАНА ОД ДОМА МОЖЕ ДА СЕ НОСИ, НО НЕ И КАМП ОПРЕМА: Упатствата за Британците кои со часови ќе чекаат да се збогуваат со Елизабета Втора

Огромна толпа ожалостени Британци се очекува да се простат од покојната кралица Елизабета Втора, заради што властите предупредуваат дека пред Вестминстерската палата ќе има долги редици луѓе. Оние кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата се советуваат да носат доволно храна и пијалоци и да се облекуваат соодвтно.

Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ќе предводи кратка церемонија откако ковчегот ќе пристигне на неговото почивалиште до погребот. Јавноста таму ќе може да оддаде почит од среда до понеделник. Кралицата мајка последен пат беше погребана таму пред нејзиниот погреб во 2002 година, кога 200.000 луѓе го посетија нејзиниот ковчег.

Властите објавија детали за тоа како луѓето можат да оддадат почит. Како што најавија, очекуваат дека оние кои ќе сакаат да се збугуваат можеби ќе треба да чекаат во редица и од неколку часа, па дури и преку ноќ. Како што предупредуваат, нема да имаат многу можности да седат додека чекаат. Затоа им се советува да носат храна со себе и да се облекуваат соодветно и пристојно. Забранета е облека со навредливи или политички пароли. Посетителите треба да очекуваат и доцнење на јавниот превоз.

Детали читајте на Фактор тука.


foto: EPA