Ѝ фрлиле киселина на лицето поради начинот на облекување: Целиот Фејсбук се воодушевува на нејзината фотографија

Еве зошто и вие треба да ја погледнете...

„Таа е Марзи, една од најсилните жени кои ги имам запознаено. Ја направив оваа фотографија пред некое време во Иран и денес, по нејзината согласност, одлучив да ја објавам.“

Ова го напиша фотографката Михаела Норок. Фотографијата на Фејсбук има повеќе од 100.000 лајкови, споделена е повеќе од 28.000 пати и има над 3.000 коментари.

„Марзи возела во Исфахан, Иран, пред шест години, кога двајца мажи на мотор се приближиле до нејзиниот автомобил. Еден од нив ѝ фрлил киселина на лицето, а потоа побегнал.

Полицијата никогаш не ги фатила иако улицата е окружена со камери. Имало уште неколку слични ситуации во Исфахан истата година, а сторителите никогаш не се пронајдени. Сите овие ужасни дела се насочени кон жените кои не носеле конзервативна облека.

Многу Иранци веруваат дека овие напади се направи во соучество со властите за да се обесхрабат жените да го усвојат либералниот начин на облекување. Но, и националната и локалната власт негираат било каква вмешаност.“ - додаде на Фејсбук фотографката која како дел од проектот „Атлас на убавината“ го пропатува светот и ги документира неверојатните приказни за храбрите жени како Марзи.


„Марзи денес се обиде да ја подигне свеста за овие страшни напади и се залага за забрана на продажбата на киселина. Иако започна да плаче кога се сети на тој ужасен ден, сакаше да ми ја раскаже целата приказна. Тоа беше насмевката на моќна жена, која собра сила и храброст да ја надмине болката и да се бори за себе секој ден, се со цел ова да не се повтору на други жени.

Драга Марзи, неверојатните жени како што си ти се причина зошто работам на овој проект. Ви благодарам многу што ми го покажавте најчистиот облик на убавината“ - истакна авторката.

На Марзи и Михаела Норок им се заблагодаруваат многу луѓе за оваа објава на Фејсбук.