И Меган по стапките на принцезата: Што им остави Дајана како аманет на сопругите на Вилијам и Хари

Добивај вести на Viber

Целиот свет знае дека Меган Маркл често ги крши кралските правила, поради што ја излудува кралицата Елизабета Втора.

Неодамна напис во Њујорк Тајмс од 1981 година, објави дека принцезата Дајана одбила на нејзината кралска свадба да изговори збор што бил обврзувачки со векови, а после тоа, ниту Кејт Мидлтон ниту Меган Маркл не го кажале тој збор!

Но, малкумина знаат дека нејзината снаа, покојната принцеза Дајана, крена многу повеќе прашина со своето однесување.

Поточно, кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година во катедралата Свети Пол во Лондон, таа одлучи да не каже збор што значеше дека ќе ги почитува желбите на нејзиниот сопруг и ќе го слуша.

Според написот од Њујорк Тајмс од 1981 година, принцезата Дајана е првата личност во британското кралско семејство, која не го изговорила зборот „послушај“ за време на свадбената церемонија, што значи дека не сакала да се покорува.

Објаснувањето за овој чин е многу јасно. Принцезата не сакаше да испрати порака јавно дека нејзиниот сопруг е доминантен во врската, а Чарлс се согласи.

Иако ова кршење на кралските традиции предизвика контроверзии во судот и во британските медиуми, со текот на времето се раѓа ново правило.

Следејќи го нејзиниот пример, зборот (правилото) не се најде во заветите на Кејт Миделтон за време на нејзината венчавка на принцот Вилијам, ниту војвотката од Сасекс не го изговори овој збор на принцот Хари.


Фото: Инстаграм-официјален профил Меган Маркл- (getty images)

Може да ве интересира:

Потресно и моќно: Сличности што ги поврзуваат принцезата Дајана и Меган Маркл