Потресно и моќно: Сличности што ги поврзуваат принцезата Дајана и Меган Маркл
Војвотката
од Сасекс и принцезата Дајана дадоа историски интервјуа, во кои има неколку слични,
ако не и исти елементи.
Меган Маркл го подели светот. Додека некои енергично ја бранат и поддржуваат, други ја нарекуваат врвна актерка и манипулатор. Од друга страна, на принцезата Дајана и веруваа сите (освен британските медиуми и ревносните поддржувачи на кралското семејство), обожувајќи ја до денес.
Иако тие се сосема различни по потекло, вредности и култура, фактот дека и двете се најдоа во кралските семејства, заобиколувајќи ги нивните наметнати кодекси на однесување, однапред ја одредија нивната судбина на ист начин. Скоро три децении не беа доволни за општеството и монархијата да станат попрогресивни, толерантни и разумни.
Да потсетиме, во 1995 година, принцезата Дајана ја откри вистината за настаните во нејзиниот брак и Бакингемската палата во шокантно признание за Би-Би-Си. Меган Маркл го стори истото во март годинава, во интервју за Опра Винфри.
Од собата на принцезата Дајана во Лондон до градината во Монтесито, Калифорнија - се чини дека приказната го смени времето, местото и актерите, но звучи прилично исто. Сепак, постои една клучна разлика - Меган не е сама, туку во друштво на нејзиниот сопруг принцот Хари, додека принцезата Дајана не само што беше сама, туку и беше изневерена за време на интервјуто, бидејќиистото се случи само неколку дена пред принцот Чарлс отворено да проговори за неговата афера со Камила.
Еве кои се 3 главни сличности во интервјуата на принцезата Дајана и Меган Маркл:
1. Двете беа жртви на суров кралски систем
„Мислите дека знаете што е следно“, рече Дајана. „Не разбирав целосно што носи оваа улога“, како да се надоврза Меган. И двете беа жртви на „компанијата“, но и на британските медиуми - Дајана, која се најде на сите насловни страници и Меган, за чие семејство и пријатели секој сакаше да знае сè. Дајана беше оцрнета за неверна, нестабилна и промискуитетна, додека Меган претрпе расистички коментари, но и обвинувања дека ги малтретирала вработените во кралското семејство.
2. И двете беа предмет на завист и љубомора
Слично сценарио можеше да се слушне кога станува збор за кралската турнеја. Исто како што е прикажано во серијата „The Crown“, по познатата австралиска турнеја, принцот Чарлс не можеше да ја издржи неверојатната популарност на принцезата Дајана, и фактот дека таа е секогаш во центарот на вниманието. Ова подоцна доведе до низа ситуации во кои Дaјана беше екскомуницирана, девалвирана или туркана во втор план. Меган Маркл исто така брзо се поврза со луѓето и му докажа на кралското семејство дека е одлична во извршувањето на своите должности. Сепак, очигледно е дека тоа предизвика љубомора кај оние кои не ја прифатија.
3. На двете им беше загрозено менталното здравје
Една од најтрогателните изјави на принцезата Дајана е дека таа не се сакала себеси затоа што не можела да се носи со притисоците. Од друга страна, Меган призна дека во еден момент не сакала да биде жива затоа што не гледала решение и дека имала самоубиствени мисли. Со оглед на заедничкото чувство на заробеништво, недоразбирање и осаменост, и двете се бореа со депресија, а Дајана со булимија. Ниту една од нив не ја добија бараната помош, а монархијата уште еднаш докажа колку болка и страдање може да им нанесе на оние што живеат во неа.
Фото: Инстаграм/princesdianaa
Можеби ќе ве интересира:
Хари е вистински маж, цврсто стои до Меган: Македонските познати личности со поделени мислења околу случувањата во кралското семејствоНикој не го забележа овој детаљ: Меган на интервјуто носи нешто што ѝ припаѓало на принцезата Дајана