И официјално потврдено: Од утре вечер полициски час

Добивај вести на Viber

Владата донесе одлука за полициски час, ќе трае 12 дена, а ќе се спроведува во тајмингот од 22 часот до 5 часот наутро.

Карантинот почнува од утре вечер и ќе трае до 22 март.

Ова го потврди премиерот Зоран Заев. 

„Во следните 12 дена очекуваме тоа да влијае на намалување на бројките“, рече Заев. 

Владата донела и одчлука за ограничувања односно за задолжителен домашен карантин на наши грашани кои се враќаат од африканскиот континент, и да се обезбедат локации за карантин за странци кои се враќаат од афиканскиот континент.

За другите одлуки пресконференција ќе одржи портпаролот на Владата, за сите дозволи за економските опаретаори, аеродромите и слично. 

Подготвени сме онлајн седници да држиме за успешно да се спроведе полицискиот час, рече Заев.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат одлуките. Ќе има засилени контроли, огигледно граѓаните се опуштија. Алармираме дека итно мора да се преземе нешто, но ни треба помошта од граѓаните“, рече премиерот Заев. 


Фото: Фактор.мк