Има 56 години, а изгледа како да има 30: Една намирница е заслужна за сѐ

Кога луѓето првпат ќе ја сретнат, прво помислуваат дека Памела Џејкобс има околу 30 години. Но, нејзината лична карта покажува 26 години повеќе. Со своите 56, Памела изгледа речиси совршено.

Нејзиниот беспрекорен тен и витката линија им ги должи како на генетиката, така и на континуираното вложување во себе. Вели дека се храни здраво и признава дека една од главните работи заслужни за нејзиниот изглед е кокосовото масло.

Џејкобс раскажува дека никогаш не излегла од дома без крема за сончање и дека најголемиот проблем е што луѓето често мислат дека му е девојка на нејзиниот 25-годишен син.

Ѝ се додворуваат многу помлади мажи, но Памела ги преферира оние повозрасните. Многумина мислат и дека е уште помлада. Кога последен пат купувала билет за Лондон, еден од вработените ѝ предложил да го искористи попустот за студенти.

Што се однесува до исхраната, се држи до правилото 80/20, кое подразбира 80 отсто здраво мени, а 20 отсто онаа забранета храна, како што се пидингот, алкохолот и чоколадата.