Има 80 години, а изгледа како дупло помалку: Тајната е во 70-20-10
Во одреден момент, жените заменуваат дводелен костим за капење со едноделен во надеж дека ќе „покријат“ повеќе. Но, не и Филомена Варихај, која ја откри тајната благодарение на што се наоѓа во фантастична форма на 80 години.
Со 80 години и четири деца, оваа жена изгледа 40 години помладо. Кога се релаксира покрај базен или оди на плажа, таа гордо носи бикини - и, очигледно, изгледа одлично.
- Се будам секое утро со цел и чувство за цел. Јас сум благословена со енергија и талент и желба да им помогнам на другите да бидат сè што можат и многу сум благодарнa за тоа - вели таа.
Во нејзината книга „Тајните на најздравите луѓе во светот“, Варихај вели дека постојат три клучни тајни што ја одржуваат во одлична форма.
1. Следете диета 70-20-10
Тоа се 70 проценти од калориите од овошје, зеленчук и житарици, 20 проценти од посни протеини како пилешко и риба и 10 проценти од маснотии.
„Има многу сечкање и многу работа околу подготовката на храната, што е предизвик, но вреди“, вели Ворихај.
2. Трчајте
- Мојата средна ќерка доби стипендија за спортисти, и кога доби распоред за тренинзи пред нејзината прва година, виде дека тоа вклучува трчање три милји (пет километри), три дена во неделата. Таа рече: 'Мамо, ќе трчаш со мене?' Како можев да кажам не - рече Филомена.
По некое време, Филомена беше во толку добра форма што реши да се пријави на трката на пет километри.
- Па, зарем не освоив злато во мојата возрасна група? Тоа беше тоа. Се закитив со медал - вели таа.
Филомена трчаше трка секоја година и секојпат, во групата од 40 до 75 години освојуваше злато.
„Кога станува збор за мотивација за вежбање, тоа помага да се има цел“, вели Стив Бауерс, коавтор на „Тајните на најздравите луѓе на светот“.
- Поставувањето цели им помага на сите да ја зголемат ефикасноста во вежбањето, рекреативците, како и врвните спортисти - додава Бауерс.
3. Бидете благодарни
Филомена секој ден го пишува она за што е благодарна и го става парчето хартија во тегла на „благодарноста„.
- Врската помеѓу умот и телото е толку јасна. Може да ви помогне и да останете во форма, толку многу што гордо да облечете бикини на 80-годишна возраст - објасни Филомена.
- Кога сме благодарни, имаме тенденција да бидеме попозитивни и задоволни со самите себе, што го олеснува слабеењето и одржување на постојната доколку е здрава - вели др. Куглари.
Извор: 24 сата