Инфлуенсерка потрошила милиони за да изгледа како Ким Кардашијан: Луѓето постојано ми велат дека личам на неа

Добивај вести на Viber

Обожувањето на одредена славна личост е една работа, а опсесијата е сосема друга

Во втората категорија дефинитивно спаѓа обожавачката на Ким Кардашијан, која потроши околу 1,3 милиони долари за да го имитира нејзиниот стил. Шели Д.Н., или Chaly, потрошила неверојатна сума пари на својот изглед, гардероба и колекција накит, за да изгледа идентично како Ким на прв поглед.

Гардеробата на Шели е полна со часовници Ролекс, облека од Прада, Гучи и Балмен, во вредност од над 41.000 долари. Тоа не и било доволно, па призна дека правела ботокс и користела филтри, за совршено да личи на Ким.


Инфлуенсерката од Лондон има огромна база на следбеници и признава дека ужива во вниманието што го добива, и често потпишува договори со големи модни брендови, особено популарни на социјалните мрежи. Покрај тие ангажмани, Шели имаше можност да соработува и со луксузни дизајнери како Нина Наустдал, кога позираше во луксузни фустани покриени со кристали.


Зборувајќи за нејзината опсесија со Ким Кардашијан, Шели рече: „Почнав да ја следам на Инстаграм и мислев дека сме неверојатно слични. Имаме сличен стил, и сè што гледам на неа, сакам да го имам. Луѓето постојано ми велат дека изгледам како неа, без разлика дали ме гледаат на улица или на забава. Ме стопираат за да се фотографираат, а јас навистина уживам во целото тоа внимание “.

Сепак, таа застана во своја одбрана и се обиде да докаже дека намерно не ја копирала Ким: „Луѓето мислат дека мојот стил се базира на нејзиниот, но ние сме две различни луѓе“, вели Шели. 


Фото: Инстаграм/Chalydn

Можеби ќе ве интересира:

Го напушти училиштето а до 25 години го заработи првиот милион: Инфлуенсерка живее луксузен живот