„Изгубив стан“! Жената на султанот зборува за сериозниот проблем што и се случил

Пејачката Тијана Милентијевиќ минатата година ја објави песната „Жената на султанот“, која стана голем хит, но токму во тој период започна пандемијата на коронавирус, што ја спречи да настапи и да заработи пари.

Тијана призна дека оваа ситуација има значително влијание врз нејзината финансиска состојба и дека се соочува и со криза.

- Изгубив многу поради короната. Кога сè ќе се пресмета, еден добар стан во центарот на градот. Не жалам. Имам песна што секој пејач ја посакува во својата кариера. Тоа е мојата лична карта. Но, повторно започнавме да работиме, имам нова песна и се надевам дека наскоро ќе го надокнадам сето тоа и дека ќе си купам стан - изјави пејачката.

Таа додаде дека верува дека естетските процедури и помогнале во кариерата.

- Секако тоа ми помогна да дојдам до израз. Физичкиот изглед е многу важен во овој бизнис. Сите операции што ги направив прво ми помогнаа лично. Јас сум некој што сака сè да биде на своето место, вклучувајќи ги и лицето и телото. Јас го направив тоа што сакав да го направам. Тоа се моите усни и гради. Мислам дека не претерав во тоа, но не планирам повеќе да правам ништо за себе - изјави Тијана Милентијевиќ

Фото: Инстаграм

Извор: Srbija danas