Ја намалила сметката за струја со овој неверојатен трик: Нејзиниот дом е потопол, еве како

Една корисничка на TikTok откри трик како да ја намалите сметката за струја и да ја загреете куќата

За да ги избегнат високите сметки за струја, луѓето на секој начин се трудат да ја намалат потрошувачката и на тој начин да заштедат пари. Добрата изолација во домот може да биде од големо значење и да го заштити домот од студот во зимските денови, а со тоа да се намали потрошувачката на електрична енергија на минимум.

Има многу работи кои одземаат многу топлина, како што се лошата дограма (прозори и врати), тенките ѕидови, но и просторот помеѓу даските доколку имате дрвен под.

Една тиктокерка смисли начин да заштеди при загревање на куќата и има одличен совет за другите. Имено, таа на неверојатен начин го затворила малиот простор меѓу подните даски кои и ја ладеле собата.

„Празнините (дупките) во вашите подови може лесно да влијаат на греењето во вашиот дом и да ве чини повеќе. Ова е супер лесен и евтин начин да ги поправите. Малите промени се бројат!“, гласи описот на нејзиното видео. 


Жената ги наполнила пукнатините меѓу подните даски со тесен сунѓер и така го запрела протокот на ладен воздух низ пукнатините.

„Ги полнам само таму каде што можам да го почувствувам студениот воздух. Тоа барем ќе спречи студениот воздух да влезе одоздола“, објасни таа.

Многумина беа воодушевени од нејзината духовитост и позитивно го коментираа тоа што го направила.


Фото и Видео: ТикТок