Јубилеен 70-ти роденден: Мајката на Каролина прослави со своето омилено женско друштво

Добивај вести на Viber

Мајката на Каролина Гочева наполни 70 години

Заедно со ќерките Каролина Сандра, внуките Луција и Инес, Светлана ги дувна свеќите на роденденската торта на која стоеше бројот 70.

Инаку мајка ѝ на Каролина е инженер-технолог во пензија. Главна советничка, рамо за плачење и најстрога критичарка.

- Таа е најсакана мајка и баба, која отсекогаш била најцврстиот столб во нашите животи, а тоа е и денес. Таа е наша главна советничка, рамо за плачење, но и најстрога и сосем непристрасна критичарка. Но, благодарна сум ѝ и мислам дека тоа е главната причина што секогаш сум со двете нозе цврсто на земја. Секако дека често знае да дојде и до ситни кавги, но тоа обично трае до првиот следен телефонски повик. Неколку пати годишно одиме на заеднички патувања со мајка ми, сестра ми и двете внуки.Тоа ми е нашата омилена традиција. – раскажа претходно Гочева за Женски магазин.