Како изгледа Меган Маркл кога оди на шопинг? Сите забележуваат дека со стилот потсетува на познатата актерка (ФОТО)

Меган Маркл е видена во Калифорнија како оди на шопинг со пријателка, а нејзиниот стил неодоливо потсетува на стилот на Анџелина Џоли...

Откако ја критикуваа и колегите актери поради нејзините изјави дека била ангажирана да „глуми будала“ во американскиот телевизиски квиз „Deal or No Deal“, Меган Маркл реши да заборави на сè, така што замина на шопинг.

Актерката и војвотката од Сасекс е видека како со пријателка оди во продавници за спортска облека и како од истата излегува со полни ќеси.

Во оваа прилика таа носела краток комбинезон во маслинеста нијанса, додека преку рамената имала префрлен џемпер. Со темните очила за сонце и шеширот, Меган Маркл неодоливо потсетува на Анџелина Џоли и нејзиниот стил на облекување.

Комбинезонот е дело на модниот бренд „Montesito“, а е опишан како многу модерно и удобно парче облека. Од друга страна, џемперот носи потпис на Ралф Лорен, а војвотката на нозете носеше сандали од Ема Парсонс.

По шопингот, Меган заминала на ручек со пријателката, а потоа заминала дома. Во чекор ја следеле телохранителите, кои воделе сметка актерката безбедно да стигне кај сопругот и децата.

фото: Принтскрин / Profimedia