Како лесно и брзо да ги отстраните жолтите дамки од кадата без рибање: Сè што ви треба се 2 состојки од вашата кујна (РЕЦЕПТ)

Дамките на туш кабината или кадата изгледа речиси невозможно да се отстранат

Чистењето на бањата во никој случај не е лесна работа, особено ако санитарната опрема е веќе стара и ја променила бојата од употреба.

Хемикалии кои можат да помогнат да се отстранат дамките од кадата се прилично скапи, па жените често бараат алтернатива која сепак ќе им даде добри резултати.

Ако и вие „патите“ од дамки кои го расипуваат изгледот на вашата када, обидете се да го направите ова природно средство и ќе бидете воодушевени од ефектот. Сè што ви треба се две состојки кои сигурно ќе ги имате во вашата кујна. Тоа се оцет и сол.

Прво земете 100 мл оцет и истурете го во сад, а потоа посолете го. Количината на сол треба да биде една лажица на 50 ml оцет.

Загрејте до температура од 70 степени. Потоа ви треба мека крпа за да го ставите растворот и да ги избришете дамките. Оставете го во када околу 15-20 минути, а потоа исплакнете го со вода.

Со помош на оваа смеса ќе се отстранат и најтврдокорните дамки, а вашата бања ќе изгледа како нова.

Извор: glossy.espreso.co.rs