Камерата случајно го снимила породувањето: Сопругот паднал на колена, а потоа пукнал водењакот...Необични сцени го обиколија светот!

Младата мајка го сподели своето необично искуство со породувањето и значајната улога на нејзиниот сопруг во тој настан.

Сабриена Абри на Тик Ток го сподели несекојдневното искуство од раѓањето на нејзиното бебе. Имено, нејзиниот сопруг Изи не само што присуствувал на раѓањето на своето дете, туку и ја породил Сабриена, а се било случајно снимено на домашна камера. Планот бил таа да се породи дома во специјална када со вода, но тато не ни сонувал дека ќе ја преземе улогата на акушерка и ќе го прифати бебето како што излегло од утробата на мајката.

@sabriena_abrre Replying to @digitalhobo Izzy the midwife #birthstory #unmedicatedbirth #homebirth #accidentalfreebirth #coupletok #greenscreenvideo original sound - Sabriena Abrre

Поддршка на брачниот другар

Се започнало во три часот по полноќ кога идната мајка ја разбудила породувањето. Бидејќи и било второ дете, не ја фатило паника, туку се држела до претходниот договор со сопругот да се породи дома во вода.

- Влегов во кадата околу 7 часот наутро бидејќи беше планирано да се породам во вода. Имав приближно една до две контракции за еден час, и така до 6 часот попладне - изјави таа.

Повикале стручна акушерка која дошла и ја погледнала Сабриена која, според неа, не требало да се породи уште неколку часа. Нејзиниот сопруг не се одвојувал од неа, поттикнувајќи ја да ги издржи болките.

@sabriena_abrre Your daily dose of birth control, you’re welcome#momtok #toddlersoftiktok #relatable original sound - Sabriena Abrre

Тато го прифати бебето

Околу пет минути до 22 часот, Сабриена почувствувала силни контракции.

- Изи навистина се обиде да ми помогне. Во моментот кога почувствував силни контракции, тој падна на колена. Баш во тој момент ми пукна водата и се му се истури преку лицето. Но, тоа не го спречи да ме врати во кадата со вода. По неколку минути бебето почна да излегува. Изи ја фати непосредно пред да падне во вода и веднаш ми ја стави на градите“, возбудено вели младата мајка.


Фото: ТикТок - Screenshot