Карлеуша конечно на фотка со Душко: На здравје за човекот кој никогаш не изневерил, ни понижил

Познатата балканска пејачка Јелена Карлеуша постојано е во фокусот на медиумите. Таа е позната по својот уникатен стил на облекување и по својата искреност и токму затоа пејачката редовно е мета на српските таблоиди. 

Особено во последните неколку недели, некои српски медиуми пишуваа дека нејзиниот сопруг фудбалерот Душко Тошиќ ја изневерува, шета на некое егзотично место со љубовницата и слични наслови со непроверени информации. 

Карлеуша, ги негираше сите овие наслови со само една објава на Фејсбук. Таа објави фотографија од неа и Душко, а во опис на фотката напиша:


Наздравје за овој  добар, искрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за овој одличен спортист. Наздравје за човекот кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади на болесниците од таблоидите. ЗАРАДИ МЕНЕ. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Имам потреба да напишам: Тебе Душко, никој не може да те извалка, нема такви ѓубриња, зли намери и лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство. Неизмерно ми е жал што баргата го спомнува твоето име ... затоа што тие ќе мораат да клекнат на колена бидејќи се недостојни“.

Објавата на Карлеуша наиде на многу позитивни коментари и поддршка од нејзините следбеници и обожаватели. 


Фото: Фејсбук/Јелена Карлеуша

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Кој е Бирташевиќ: Човекот што стои зад Јелена Карлеуша

Се обидувам да му објаснам на сопругот зошто секогаш сум гола: Карлеуша си ја отвори душата