Ќерките на Мерил Стрип се нејзина копија: Мејми и Грејс се исто така актерки (ФОТО)

Мерил Стрип има три ќерки, а две личат неверојатно многу на неа.

Најпопуларната актерка на светот има исклучително силни гени, со оглед на тоа што две од нејзините три ќерки се нејзина копија! Актерката има три ќерки и еден син, а двете се актерки.

Сличноста на Мејми и Грејс Гaмер со нивната мајка е повеќе од очигледна.

фото:: Shutterstock

Грејс својата кариера повеќе ја фокусираше на театар, додека Мејми е позната по улогата на лекарка во серијата „Емили Овенс“. Мерил никогаш не криеше колку ги поддржува своите ќерки во сè.

Покрај нив две, кои привлекуваат најголемо медиумско внимание поради сличноста со нивната мајка, оскаровката има уште една ќерка, Луиз Џејкобсон, која е професионален модел, како и синот Хенри Волф, кој е музичар.

Мерил Стрип е во брак со сопругот Дон Гамер, скулптор, долги 43 години.

Сè започна кога, во 1978 година, Мерил го загуби своето момче, кое почина од рак на белите дробови. Запрепастена од болката и загубата, Мерил наоѓа утеха во Дон Гамер, најдобриот пријател на нејзиниот брат.

извор:objektiv.rs