Кога го запознав ми рече дека сака мажи, но и покрај тоа се омажив за него: Еве како изгледаа нашите 45 години брак

Не знам повеќе дали тој прв ме фати за рака, или јас, но знам дека Бог беше на наша страна

Не ми се веруваше дека бележникот го нема. Мојот сопруг беше на апарати за дишење три месеци, не можеше да зборува или да се движи од креветот три месеци по операцијата, која требаше да биде „рутинска“.

Тој прво го користеше iPad-от за пренос на филмови, читање вести и пишување мејлови и пораки.

„Добра ноќ душо“, ми пишуваше пред спиење. „Добро утро душо“,кога ќе се се разбудеше. И јас му го пишав истото. Тоа беше наш начин да си кажеме еден на друг дека сме добро. Во рок од два месеци, кога не можеше да се концентрира доволно за да користи технологија, почна да пишува во бележникот - на почетокот читлив ракопис, а потоа едвај, додека конечно не можеше повеќе да пишува. Тој бележник беше се‘ што ми остана од нашите последни денови заедно. Разговарав со чуварот на болницата.

„Лекарот рече дека ќе го одведе на одделение за палијативна нега“, му реков. „Мораш да го најдеш. Те молам. Те молам".

„Погледнавме. Бележникот не е тука", одговори тој. „Ќе продолжиме да бараме, но се сомневам дека ќе се појави“.

Последен пат во бележникот, напишав: „Ана и Стив засекогаш“. Мојот сопруг се насмевна на тоа. Сега тој и бележникот ги нема - барем физички.

Стив беше практично мојот прв сосед. Пораснавме во исто маало, но тогаш не се знаевме. Години подоцна, како наставници во основно училиште, присуствувавме на истата работилница и го забележав меѓу 20 учесници.

„Ми изгледаш познато“, реков. Мислеше дека се обидувам да го заведам. Но, тогаш не беше така. Потоа бев отпуштена од таа работа и префрлена во друго училиште. Стив беше првата личност што ја видов кога влегов во зградата. Тој не е мој тип, си помислив. Можете да го замислите мојот шок кога го сонував еднаш, и глас во мојата глава рече: „Стив - тој учител на работа - изгледа толку добро, интелигентен е и учтив“. Се разбудив збунета. Од каде дојде ова? И што значеше тоа?

Не бев сигурна, но следното утро, кога го видов, изгледаше поинаку. Забележав дека има сини очи. Ја забележав неговата секси, витка фигура. Ја забележав страста што ја имаше додека работеше со децата во неговото одделение. Затоа го замолив да руча со мене. Тој одби. Потоа го прашав повторно и повторно, па еден ден конечно се сожалии излезе со мене во ресторан во близина на училиштето.

Откако разговаравме за децата од нашите часови, растејќи во работничка населба, средно училиште - ми рече: „Сакам балет - сакам да гледам танчери, слушам класична музика. Мислам дека е толку убава и инспиративна".

„Ајде да одиме заедно“, предложив. Стив не рече ништо, но продолжи да го јаде својот сендвич, додека јас го гледав со стравопочит. Ми се допадна толку многу што го гледав со обожавање.

Следниот ден го сретнав во училишниот двор:

„Како си?“, го прашав. „О, јас сум депресивен“, одговори тој. „Нема посебна причина ... само еден од тие денови“. „Кога се чувствувам депресивно, се обидувам да направам нешто, а кога сум навистина депресивна, барам од некого да направи нешто со мене", му реков.

А, тој ми одговори: „ Денес се прикажува филмот „Фелин“, дали доаѓаш со мене?“.

Се двоумев пред да одговорам. Тоа што бев достапна беше спротивно на секој здрав совет што ми го дал некој за врска. Но, не можев да одолеам. „Да, би сакала“, му реков.

Вечеравме пред филмот во раскошно кафуле, а потоа ми рече дека сака мажи.

„Спиев со две жени во животот, но претпочитам мажи“, рече тој.

Го проголтав она што го имав во устата и посегнав по чашата вино. Потоа се прашував дали е можно да не ги одби сите мои повици поради мојот изглед или личност.

„Ти благодарам што си искрен“, се слушнав како велам. „Се‘ уште можеме да бидеме пријатели“.

Додека одмавнуваше со главата, косата му го врамуваше челото, и ми се чинеше дека е крајно возбудливо. Во филмовите, некој држеше нечија рака. На крајот од филмот, Стив ме праша: „Дали би сакала да спиеш во мојот стан? Живеам на само неколку блока одовде. „Да“, одговорив речиси веднаш.

Бевме во брак 45 години. Стив би рекол дека сме заедно 46 години, бидејќи се преселив во неговиот стан неколку недели по таа вечер во киното. За сето тоа време, не можевме да сфатиме кој чија рака ја држеше прв. Дали беше тоа Стив? Дали тоа бев јас? Или беше бажер (јидски збор за божествена предодреденост). Конечно, не‘ собра гласот што го слушнав во сон.

Никогаш не ми беше важно ако понекогаш ги сметаше мажите за привлечни. Толку многу луѓе експериментираа во 1976 година. Беше бисексуалец и спиеше со мажи пред да се венчаме и продолжи да го прави тоа дури и откако се венчавме со мојот благослов додека не се појави СИДА-та, а потоа почувствува дека стана премногу опасно. И јас спиев со други мажи.

Се плашеше дека можеби сум емотивно поврзана со другите, но тоа никогаш не се случи. Стив беше мојот најдобар пријател. Мојата сродна душа. Никој не можеше да се спореди со него. Сите тие години единственото нешто што навистина ми пречеше беше ако го заборави мојот роденден. Бидејќи татко ми беше болен во поголемиот дел од моето детство, родендените секогаш ретко се славеа. Како возрасна, се обидов да го убедам Стив дека родендените се важни за мене. Многу важни.

„Најлош ден во годината за мене е твојот роденден“, велеше тој секој пат кога се приближуваше тој датум. Беше очигледно дека сака да ме задоволи, и наоѓањето подароци секогаш го загрижуваше. Но, знаев дека ме сака повеќе од се‘ и, без разлика дали ми беше роденден или не, тој секогаш се обидуваше да направи да се чувствувам посебно.

Кога дојде пандемијата на корона вирусот, Стив доби пневмонија. Неговото кревко здравје, потресено од долгогодишната борба со ракот, не можеше да го одбрани. Мое беше да ги исклучам апаратите.

Откако се согласив да престанам да го лекувам Стив, тој беше префрлен во одделение за палијативна нега.

„Утре ќе ги исклучиме апаратите. Можете да седите со него додека не замине“, рече медицинската сестра. Наместо тоа, во 2 часот наутро, се јави медицинска сестра. Стив почина. Мојата непосредна мисла беше благодарам што ме поштеди од болката да го гледам како дише за последен пат. Потоа почнав да повраќам додека не остана ништо во мене за исфрлање.

Нашата врска можеше да биде неочекувана и неконвенционална. Можев да си заминам кога Стив ми рече дека е повеќе заинтересиран за мажи, но јас не заминав. Чувствував нешто убаво и навистина цветав, и останав. И останав скоро 50 години.

Во тие години, станавме неразделни. Стив ме научи да верувам во себе и да правам повеќе отколку што мислев дека е можно. Го научив да се забавува и да биде отворен за авантури. Многупати сменивме работа, патувавме и купивме куќа на село и засадивме цвеќиња. Без разлика што се случило или што ни се случило, ние бевме едендо друг, затоа што тоа значи животот: да се биде со некој што го сакаш низ се‘.

Обезбедувањето на болницата никогаш не го пронајде бележникот на Стив, но тоа веќе не е важно. „Стив и Ана засекогаш“ се втиснати во моето срце.


Фото: Shutterstock

Љубовна приказна која трае две децении: Жељко Бебек и неговата Ружица се сакаат како и првиот ден