Кога ќе изгубиш кретен, заблагодари му се

Сакав да ја утешам, да разговрам, да ја наведам на поинакво размислување, па ѝ реков:

“Сонце мало, зошто го правиш тоа? Зошто упорно тагуваш по оние кои не знаеле да препознаат што имаат?

Не си ги загубила ти нив, напротив, тие останале без тебе. Тие го замениле целото небо за еден облак. Оставиле блескаво злато заради валкана кал. Испуштиле принцеза заради вештерка.

Ако тие не чувствуваат жал за тебе, зошто тебе би ти било жал за нив? Доволно си возрасна за да увидиш кој го извлекол подебелиот крај во приказната со несреќен крај. Најголеми губитници се оние кои не се ни свесни што изгубиле.

Барем сè уште не се свесни за тоа. Подоцна, сè се средува и се враќа на свое. Коцките ќе си дојдат секоја на свое место и луѓето добиваат заработена казна или заслужена награда. Ти ќе бидеш наградена за искреност и добронамерност.

Тие ќе бидат казнети за неверност. Сигурен сум дека сега не мислиш така, но верувај ми на кажаното. Кога – тогаш, онака одненадеш, правдата ќе исплива на површината.

И токму тогаш ќе се види разликата помеѓу тебе и нив. Тебе, неповторлива. Нив, сечии.”

Кога завршив со зборувањето, таа молчеше. Ништо не ми одговори. Нежно ме опфати со рацете околу половината и ја слушавме заедно тишината, до доцна во ноќта.