Колку сме - токму сме: Рок дивата Ружица од „Ареа“ наполни 53 години

Специфична во имиџот и силна во вокалот, Ружица Милошеска- Брчиоска е вистинска рок-дива во шестата деценија.
Песните на гостиварската група „Ареа“ - „Сите мои слики“, „Јас сум ти пријател“, „Нешто недостасува“, чии текстови ги напишаа Ружица, се пренесуваат од генерација на генерација, и како што вели таа, сведочат за создавање на многу љубовни приказни.
Нејзината лична љубовна приказна е врзана за музичарот Ивица Брчиоски, авторот на хитовите на „Ареа“. Започнала на заедничката матурска прослава и трае до денес. Ружица и Ивица, во својот Гостивар живеат мирен, но исполнет живот. Вегетаријански се хранат, се трудат да го елиминираат стресот, а центар на нивниот свет е ќерката Елена.

Вчера Ружица наполни 53 години, а роденденот го прослави во кругот на најблиските. 
„Колку сме, токму сме“ напиша таа заедно со фотографиите кои ги објави, во друштво на сопругот, ќерката и баба ѝ на Елена.



Ружица изгледа одлично и е во топ форма во шестата деценија, а во една прилика за Женски магазин изјави дека веројатно начинот на исхрана е причина за добра линија, но и дека и внатрешниот став е доста важен за изгледот. И не само за изгледот, туку и за целокупното здравје.
„Согледав дека многу е важно да не живееш стресно, колку што е тоа можно. Или пак со други зборови да можеш да го обработиш стресот и да го исфрлиш од себе, да извршиш детоксикација, за да не може да ти наштети“ - порача пред две години Ружица
 за Женски Магазин, и раскажа многу други интерсни лични и професионални приказни.