Колку „тежи“ Бритни Сприс: Кој ќе ѝ го чува богатството

Контроверзната поп ѕвезда Бритни Спирс повторно во центарот на светските медиуми. Овој пат за „чувачот“ на нејзиното богатство. Односно помалата сестра на поп принцезата, 29-годишната Џејми Лин Спирс побарала да биде траен старател на Бритни и да се грижи за нејзините пари.

Во судската одлука стои дека Бритни Спирс е „единствен корисник“ на парите додека е жива. Одговорност на старателот е да се увери дека, доколку нешто се случи со Бритни, нејзините деца да ги добијат парите. Бритни има два сина, Џејден и Шон. Инаку, Бритни во својот фонд има 57,4 милиони долари заклучно со декември.

Адвокатот на поп ѕвездата пред да влезе во судот изјавил дека Бритни не сакала Џејми Лин Спирс да остане траен старател, со целосна контрола над нејзиниот живот, но не ги истакнал причините за тоа.



Извор и фото: evilbeetgossip.com

Можеби ќе ве интересира:

Нема простор за „упс“ во исхраната на Бритни: Пејачката ги открива најголемите тајни за витка линија