Мајката се борела да го спаси детето од бесните кучиња: Момче искасано до смрт на роденденот
Фото насловна: Printscreen/Фејсбук
- Најубавиот ден во годината! Среќен 4-ти роденден, најубав на мајка! - напишала мајката во објава на социјалните мрежи
Детето вчера го прослави 4-от роденден, а неговата мајка објави и фотографија со нејзиниот син, пред семејството да биде обвиткано во црно од трагичен настан.
Четригодишно
детенце со иницијали Д.Б. почина во Сента, Војводина откако беше нападнато од Ротвајлери.
Според потврдените информации за медиумите од соседството, детето починало на пат кон болницата. А, кучињата што го нападнале детето биле во сопственост на родител на момчето, а несреќата се случила во дворот на приватна куќа.
- Детето беше примено во исклучително тешка општа состојба. Беше направен обид да се реанимира, но за жал, тој беше неуспешен – рекоа од Институтот за здравствена заштита на деца и младинци во Војводина.
Вишото јавно обвинителство во Суботица спроведе истрага за оваа трагедија. Високиот јавен обвинител Мирослав Кркелиќ претходно за Телеграф.рс изјави дека кучињата биле во сопственост на мајката на момчето.
- Малолетникот Д.Б. почина во брза помош на патот од Сента кон Нови Сад поради повредите здобиени од каснување од куче. Kучињата се сопственост на мајката на малолетникот Д.Б.
Мајката била присутна за време на нападот од кучињата, што се случило на влезната врата од куќата, но таа не успеала да се справи со нивниот напад - рече Кркелиќ.
Фото: Фејсбук