Латино дивата Росалинда блесна во креација на македонски дизајнер: Смарагдно зелени кристали за настапот на Рокфелер во Њујорк

Добивај вести на Viber

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски – Џеј Зи Џеј повторно ја облече латино дивата Талија Соди или во јавноста попозната како Росалинда од истоимената мексиканска сапуница.

Овој пат нејзиниот костум Јовановски го изработил специјално за настапот на латино пејачката и актерка на осветлувањето на елката пред Рокфелер центарот во Њујорк.

Таа беше облечена во костим изработил од кристали во бела, сребрена и зелено смарагдна боја, а целата креација била надополнета со црвена машна и сребрени високи чизми.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatko Jovanovski (@jzj_zlatko_)

Соработката помеѓу Златко и Талија започна во 2023 година, кога носеше креација со негов потпис изработен од Сваровски кристали.

Додека неговата друга креација за пејачката беше изработена од кадифен корсет кој продолжува во форма на подвезици во нежно розова боја, инспириран од нејзин фустан од 1992-ра година.

Инаку осветлувањето на џиновската норвешка смрека, која оваа година потекнува од мал град во Масачусетс, и е крунисана со ѕвезда Сваровски со 3 милиони кристали е една од најпосетуваните настани кои се случуваат во Њујорк на почетокот од месец декември.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatko Jovanovski (@jzj_zlatko_)

Во креација на Златко Јовановски неодамна блесна и српската пејачка Александра Радовиќ на нејзин концерт во Белград.

Фото: Инстаграм
РЖМ