Љубовта со Тоше ни беше платонска: Елена Ристеска ја отвори душата

Добивај вести на Viber

Тоше беше мојата сродна душа. Си одговаравме. Секогаш долго разговаравме, дури ми се јави од Австралија од неговата последна турнеја, вели Елена Ристеска за „Вечерње новости“ во пресрет на вечерашниот концерт во чест на Проески во арената „Борис Трајковски“.

- Разговаравме и таа кобна ноќ, пред неговото заминување во Хрватска и се уште тврдам дека претчувствуваше дека нешто лошо ќе се случи. На крајот од разговорот ми рече дека ќе се слушнеме за неколку дена, но длабоко воздивна кога ја изговори реченицата „Ако даде Бог“ - открива Ристеска.