Малкумина знаат дека беа во врска: Живеевме на висока нога, раскинавме за глупости

Масимо Савиќ и Беби Дол за многумина беа најинтересната двојка во 80-те години на минатиот век. Иако нивната љубов била силна, како што Масимо во една прилика самиот изјави, разидувањето било неминовно поради бројни компликации. Беби Дол подоцна призна дека, сепак, тоа не било љубов на прв поглед.

- Само што се вратив од Египет, се сеќавам бев во авион кога ми пријдоа некои луѓе да го запознаам Масимо Савиќ. Беше пристоен, се сеќавам во тоа време имаше голем хит. Го погледнав, добро го изанализирав и, да не се навреди никој, ама помислив дека е геј - раскажа белградската пејачка во едно интервју.

Важеа за една од најубавите двојки во 80-те

Нивната романса не почнала тогаш, а подоцна Масимо призна дека имал впечаток дека Беби Дол е вообразена.

- Беше упорен и еднаш на аеродром ме дочека со цвеќе. Тогаш почна се’ - откри таа.

Важеа за убава двојка, но поради една работа разидувањето било неминовно.

- Не успеавме да се договориме каде ќе биде нашиот дом. Дали во Загреб, во Белград, или на Истра каде живееше неговата мајка која многу ме сакаше. Живеевме на висока нога се’ до војната. Живеевме интензивно, убаво, возбудливо, авантуристички. Тогаш не ни бевме свесни колку сме всушност среќни. И наеднаш се’ падна во вода. Комплетно престанавме да комуницираме. Но, животот не стои, па така беше и со нас - призна славната уметница.

Живееле на висока нога се' до војната: Масимо Савиќ и Беби Дол