Манекенката го покажа она со кое се мачат многу мајки по породувањето: Можеби не сум Бонд девојка, ама...

Добивај вести на Viber

Ешли Грам покажа како изгледа нејзината коса после породувањето. Многу мајки можат да се поистоветуваат со нејзиното искуство, а некои од нив ги оставија своите коментари под објавата.

Поради влијанието на хормоните, на многу жени во бременоста косата им станува погуста и посјајна, додека по породувањето многумина се соочуваат со нејзино опаѓање. Иако се работи само за привремена состојба која се смета за нормална и не бара никакво лекување , за многу мајки, губењето на косата претставува стрес.

Како изгледа косата на мајка година дена по породувањето, на социјалните мрежи покажа плус сајз манекенката Ешли Грам. 

Мајката на момчето Исак ја спореди својата фризура со таа на актерката Анатол Таубман во филмот за Џејмс Бонд „Quantum of Solace“, во кој таа го отелотворува главниот негативец.

„Можеби не сум Бонд девојка, но можам да бидам главен негативец (млада коса почна да ми расте!)“, се пошегува Ешли.


Кометирајќи ги нејзините фотографии, некои жени признале дека воопшто не знаеле дека по бременоста косата им паѓа и повторно почнува да расте околу 12 недели по породувањето, додека други напишале дека доживеале иста работа.

Дека во моментов и расте многу „млада коса“, коментирала и Кетрин Шварценегер, ќерката на славниот холивудски силен човек, која пред половина година доби девојче со актерот Крис Прат. Емили Ратајковски, модел кој моментално го чека своето прво дете, исто така коментирала дека новата фризура на Ешли изгледа одлично.

Ешли Грам е во брак десет години со режисерот Џастин Ервин (31). Во текот на целата бременост, таа гордо објавуваше провокативни фотографии на социјалните мрежи, како што се оние во долна облека или костим за капење, и не се срамеше да ги покажува стриите или да зборува за прекумерната тежина.


Фото: Инстаграм/Ешли Грам

Извор: gloria.rs