Марго Роби е бремена? Сите зборуваат за тоа како таа му откри на светот дека очекува бебе: Ужива на одмор со сопругот и гордо го покажува стомакот
Холивудската актерка Марго Роби е бремена, како што тврдат
нејзините обожаватели на социјалните мрежи! Иако се уште нема официјална
потврда, новите папарацо фотографии на убавата русокоса јасно го покажуваат
нејзиниот труднички стомак.
Имено, папараците ја „уловиле“ Маргот Роби за време на летен одмор на езерото Комо во Италија во друштво на нејзиниот сопруг Том Акерли.
Славната 34-годишна актерка која минатата година ја одбележа со филмот „Барби“, блесна во модерен црн костум со кроп топ бела маичка, откривајќи го трудничкиот стомак. Изданието го заокружила со златни обетки, голема плетена чанта и рамни влечки, а фотографирана е како се качува на брод со сопругот.
Margot Robbie is expecting a baby with her husband, Tom Ackerley. pic.twitter.com/CiaZ5pLxlj
— 21 (@21metgala) July 7, 2024
Трендот на бремена голотија го започна Ријана, а го продолжи Адријана Лима, Шеј Мичел и многу други познати дами, а сега го продолжи и Марго.
Ова е прво дете на Марго Роби и Том Акерли
Ниту Марго ниту Том не го објавија фактот дека го чекаат своето прво дете, а актерката претходните недели во јавноста секогаш носеше екстремно широки парчиња облека кои успешно го криеја фактот дека е во поинаква состојба.
Да потсетиме, парот се познава од 2014 година, а се венчаа во 2016 година. Не само што се сопружници, туку се и деловни партнери - имаат заедничка продукциска куќа и соработувале на бројни проекти.
„Бевме пријатели толку долго. Отсекогаш сум била заљубена во него, но мислев дека никогаш нема да ми возврати и не сакав да ја направам нашата врска чудна. На крајот си реков: „Не биди глупа и кажи му дека ти се допаѓа“, изјави еднаш популарната убавица.
Фото: „X“/Youtube - screenshoot