Марија Груевска со шокантна изјава: Повеќе немам момче

Марија Груевска е запаметена како најекстравагантната натпреварувачка во „Ѕвезде Гранда“ досега, поради нејзините специфични изведби, оригинални костими и аранжмани на песни.

Затоа и не бевме изненадени кога го претстави спотот за своето деби „Горим сва“, што предизвика различни реакции кај публиката. За да ја сними песната отишла дури и во Хамбург, каде што нејзиниот вујко има студио.

По објавувањето на песната и спотот, атрактивната Македонка направи голема промоција во Скопје, каде и се придружија бројни уметници и колеги од натпреварот „Ѕвезда Гранда“, а забавата траеше неколку часа.

Како што веќе призна, идеите за настапите во „Ѕвезде Гранда“ најмногу ѝ ги давал татко ѝ, кој замешал прсти и во спотот.

- Тој секогаш ќе биде дел од мојата кариера. Ова видео е еден вид завршница на она што го започнав на натпреварот, но сега подготвуваме уште едно видео кое ќе биде уште поконтроверзно, но засега не би открила ништо - изјави мистична Груевска.

Таа се гордее и со коментарот на нејзиниот поранешен ментор Александар Милиќ Мили, кој, верувале или не, прв слушнал и видел за што се работи.

- Сакав прво да ја видам неговата реакција, па дури потоа да ја пуштам во етер. Беше изненаден, но многу му се допаднаа и песната и спотот - кратко изјави Марија.

Сега, како и за време на натпреварот, Марија Груевска најмногу ја поддржува нејзиното момче без чие присуство не поминува ниту едно снимање, а пејачката открива дека нивната врска е подигната на едно повисоко ниво.

- Сега повеќе не ми е момче, сега ми е вереник. Ме побара на денот на снимањето на видеото, бев во шок, не реков веднаш „да“ од шок. Свадбата уште не ја планираме, оставам за времето кога Господ вели дека треба. Засега се залагам за кариерата и нови песни, од кои до крајот на годината ќе има најмалку четири - ја завршува приказната Марија.

Извор: grand.online