Марија Шерифовиќ на кислородна поддршка: Пејачката се огласи од кревет, изусти само еден збор

Пејачката престана да снима блогови, но сака да одржува контакт со обожавателите и речиси секојдневно ги информира како е и што прави, а сега сподели и помалку убав дел од денот.

Марија Шерифовиќ објави фотографија на која лежи во мрак во соба, држејќи маска за кислород.


- Ух - напиша накратко Шерифовиќ, додека нејзините следбеници на споменатата мрежа се прашуваaт што не е во ред со неа.

Пејачката претходната вечер била на забава, која и самата ја најавила, па веруваме дека била малку уморна и дека не било ништо сериозно, штом се огласила на социјалната мрежа.