Многу бргу доаѓа четвртиот член на семејството: Сара Мејс, Димитар и Илина направија фотосесија по светски терк

Добивај вести на Viber

Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски го очекуваат своето второ дете. На интересен начин пејачката откри дека е бремена по втор пат, но исто така креативната Сара на уникатен начин го откри и полот на бебето.

Таа секој момент може да се породи, бидејќи е во деветиот месец од бременоста, а токму неодамна Сара заедно со Димитар и ќеркичката Илина направија забавна фотосесија. 

Според фотографиите кои пејачката ги сподели на социјалните мрежи, Илина е преслатка во жолто фустанче и сламен шешир и сламена чантичка, на кои исто така има жолта машничка. На една од фотките таа го бакнува трудничкото стомаче на својата мајка.






Инаку, парот е заедно 9 години, две години и неколку месеци биле во врска пред шармантниот водител да ја побара за жена, но како што ни откри пејачката во едно нејзино интервју за Женски магазин, пред веридбата тие веќе живееле заедно една година, а следната 2017 година, направиле свадба. 


Фото: Инстаграм - Сара Мејс

Можеби ќе ве интересира:

По првиот наш состанок, гледав во ѕид и уживав во пеперутките во стомакот: Љубовната приказна на Сара и Димитар Атанасовски

- Сара Мејс брои ситно до породувањето: Димитар објави како заспала на роденден (ФОТО)