Многумина никогаш не слушнале за црната икона: Зад неа се крие голема ТАЈНА, а еве каде се чува и за што помага

Оваа икона е една од ретките во светот

Богородица, поретко Света Дева Марија, по потекло Марија или Мерјем Миријам, што значи „прекрасна“, „необична“ од Назарет, во Галилеја, според христијанското верување е мајката на Исус Христос. Се претпоставува дека е родена на 21 септември 20 п.н.е. во семејството на Јоаким и Ана.

Во времето на зачнувањето на Исус, таа била девица, мажена за Јосиф од домот Давид. Според христијанската традиција, детето било зачнато од Светиот Дух и Марија останала девица и по породувањето.

Има многу икони на Богородица, но една за која многу не знаат е иконата на Богородица Египетска, која се чува во Патријаршијата во Сремски Карловци- Србија.

Оваа икона е една од ретките во светот што ја претставува Дева Марија која е од Афроамериканска раса, што е симбол и израз на почит насликан во 19 век од афро-православните.

Она што е уште поинтересно за оваа икона е скриената уметност и начинот на кој е насликана, имено иконата кога се гледа од далечина е основниот симбол на самата Богородица која го држи Исус во рацете, но кога ќе се приближите до иконата можете да ги видите и контурите на лицето, носот, устата и ушите.

Оние кои ја виделе оваа икона сместена во Сремски Карловци се потсетуваат на сличноста со познатата слика на Мона Лиза, чиј автор го прикрил вистинското значење.

Но она што е уште понеобично е раскажувањето на многумина за нејзината исцелителна моќ. Луѓето велат дека ако се помолите на оваа икона со чисто срце и ѝ ги кажете вашите страдања или болести, таа може да ги излечи. Барем така зборуваат и оние кои се помолиле и на кои им помогнала.

извор: Православац